Сите фактури. Директно во е-Фактура.
Фактури, профактури, авансни фактури и книжни одобренија, со твое лого и твои бои. Испраќаш во е-Фактура на УЈП, примаш и прифаќаш фактури од добавувачите. Без сметководствен софтвер.
7 дена бесплатно · потоа од 999 ден. месечно · профактурите не се бројат
Види како изгледа
Екрани од апликацијата, со примерни податоци.
60 секунди.
Твои бои.
Прифати со клик.
Сè за фактурирање. Ништо друго.
Без книговодство, магацин или плати. Но фактурирањето е целосно, во секој план.
Сите видови документи
Фактура, профактура, авансна фактура, книжно одобрение и задолжување.
Профактура во фактура
Со еден клик, со сите ставки. Авансот се пребива на конечната фактура.
Твој изглед
Три шаблони, лого, боја, фонт, печат, подножје и кои полиња се гледаат.
Каталог на артикли
Шифри, цени, ДДВ и посебни цени по купувач. Увоз од Excel.
Купувачи по ЕДБ
Внесуваш ЕДБ, податоците се пополнуваат и гледаш дали купувачот е во е-Фактура.
Попусти, валути, ДДВ
Попуст по ставка или на целиот документ, EUR со курс, сите стапки на ДДВ.
Серии и нумерирање
Посебни серии по објект или вид документ, без празнини во броевите.
PDF и е-пошта
Уреден PDF, испратен на купувачот со твоја порака. Знаеш кога е отворен.
Статус во е-Фактура
Примена, доставена, прифатена или одбиена, со причина, кај секој документ.
Прифати примени
Фактурите од добавувачите стигнуваат тука. Прифати или одбиј, неограничено.
Тим и сметководител
Корисници со улоги; сметководителот гледа и презема без да менува.
Извоз
Листа во Excel и сите PDF-ови во ZIP за сметководството, за секој месец.
Почнуваш за неколку минути
- 01
Отвори сметка
Е-пошта, ЕДБ на фирмата и план. Податоците за фирмата ги пополнуваме од ЕДБ.
- 02
Поврзи се со е-Фактура
Чекор по чекор те водиме низ овластувањето во е-Фактура на УЈП и поврзувањето на Merot Bridge.
- 03
Постави го изгледот и издавај
Лого, боја, серии и сметки, па првата фактура.
Цени
Сите можности во секој план. Плаќаш според бројот на документи што одат во е-Фактура во месецот. Првите 7 дена се бесплатни.
9,99 ден. по документ · 1 корисник
8,33 ден. по документ · до 5 корисници
7,50 ден. по документ · до 5 корисници
- Сите видови документи и изгледи во секој план
- Профактури и нацрти без лимит
- Нагоре веднаш, доплаќаш само за остатокот од месецот
- Цените се без ДДВ
Прашања
Што се брои во месечниот лимит?
Сè што оди во е-Фактура: испратени фактури, авансни фактури, книжни одобренија и задолжувања, сторна, како и секое прифаќање или одбивање на примена фактура. Профактурите и нацртите не одат во е-Фактура и не се бројат.
Што ако ќе го поминам лимитот?
Те известуваме на 80 %. На 100 % можеш и понатаму да подготвуваш нацрти, а со еден клик преминуваш на поголем план: новиот лимит важи веднаш, а доплаќаш само пропорционално за деновите што останале до крајот на месецот.
Како се поврзувам со е-Фактура?
Исто како во Merot ERP: го инсталираш Merot Bridge на компјутерот каде е дигиталниот сертификат на фирмата. Bridge ги потпишува документите, а ние ги праќаме во е-Фактура. Водичот во апликацијата те води чекор по чекор.
Има ли бесплатна проба?
Да, 7 дена со сите можности на планот што ќе го избереш. Наплатата преку pay.merot.com почнува дури по пробата.
Можам ли да ги префрлам постоечките купувачи и артикли?
Да, со увоз од Excel или CSV.
Дали има API?
Не. Merot е-Фактура е веб апликација за луѓе. За поврзување на сопствен софтвер, погледни го Merot е-Фактура API на merot.com.
Ми треба и книговодство.
Тогаш погледни го Merot ERP на merot.com: е-фактурите се дел од него.
Колку корисници може да има една фирма?
Старт: 1 корисник. Раст и Про: до 5 корисници. Над 800: неограничено. Секој корисник има своја најава и улога.
Повеќе од 800 документи месечно?
Кажи ни колку документи издаваш и примаш. Ќе ти пратиме понуда со договорен лимит и неограничен број корисници.
Првата е-фактура денес.
7 дена бесплатно, потоа од 999 ден. месечно.